Пописот кој заврши синоќа, покажа дека во Македонија живеат нешто над еден милион и осумстотини илјади луѓе. Но Електронскиот попис покажа дека македонски граѓани има речиси секаде во светот.
Во Северна Кореја живеат 14 нашинци. Македонци има на Малдивите, во Доминиканската Република, па дури и на Антарктикот. И во секоја земја во Африка живее барем по еден Македонец. Најмногу Македонци има во Мали – 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2. Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина.
Инаку официјалните податоци од завршениот попис на населението ќе бидат објавени најдоцна за шест месеци.






