Рама: Албанија е заложник на конфликтот меѓу Бугарија и Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама разговарал со шефот на дипломатијата на ЕУ, а една од темите бил и отворениот конфликт на Бугарија со Македонија кој, според него, ја држи неговата земја како заложник.



„Средба со Жозеп Борел, главен дипломат и посредник на ЕУ во разговорите Косово-Србија, со кого разговаравме за Самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела, ситуацијата во регионот, како и отворениот конфликт на Бугарија со Македонија, каде како заложник е земена Албанија“, објави Рама на Фејсбук.

Рама се наоѓа во официјална посета на Абу Даби каде како почесен гостин ќе учествува и на „World Policy Conference“.