Професорката Тања Каракамишева Јовановска се чуди на измените на законот за администрација со кои бирократијата ќе работи само 36 часа неделно односно во петок ќе работи до пладне.
“Кога македонската влада не ги знае законите што останува за другите. Законот за работни односи вели работник работи 40 часа распоредени во 5 работни дена, измените на законот за административни служби вели 36 часа. Вратете се во прва година правни студии да ве научиме за lex generalis и lex specialis!”, пишува професорката.
За работниците во приватниот сектор останува работно време од 40 часа неделно.






