Ништо не е изгубено – Заев шири оптимизам за спорот со Бугарија

Премиерот Зоран Заев тврди дека постојат позитивни сигнали и поместувања во разговорите поврзани со спорот со соседна Бугарија.



“Има поместување затоа што Бугарија се повеќе и повеќе ја разбира неопходноста на нашите потреби, прашања и важни аспекти од разговорите преку кои не може да се помине. Македонскиот јазик и идентитет не се само наше идентитетско и најважно прашање, тие се и европска вредност. Од тој аспект, поместувањата се на меѓусебно разбирање. Не се дефинирани сите чекори и правци, за тоа треба да разговараме, но ова се сериозни позитивни пораки”, рече Заев.

По натписите на Ројтерс дека одредени земји членки на ЕУ не се подготвени за понатамошно проширување, Заев вели дека во разговорот со Оливер Вархеји добил реафирмација на ставовите на Брисел дека не постојат дилеми по ова прашање и потврда дека местото на државите од Западен Балкан е во Европската Унија.