Организаторите на „секси-кампот“ повикани да дадат исказ

Јавен обвинител побарал во полициска станица на разговор да се повикаат организаторите на кампот „Есенски бакнежи и прегратки, секс, скаутс ен рокенрол“ кој се одвивал викендов во близина на Скопје, дознава Слободен печат.
Јавноста е згрозена од информациите за тоа што се случувало тамо и за што реагираа деца на малолетници кои биле во наводниот извиднички камп.

На извидничкиот камп имало непримерни активности во кои малолетници меѓу другото ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација.



Откако организаторите ќе дадат исказ во станица, потоа материјалите ќе бидат испратени до обвинителот кој ќе оцени какви дејствија ќе се преземат понатаму, пишува Слободен печат.