Кандидат за градоначалник на Охрид направи вегета-шоу на ТВ

Кндидатот за градоначалник на Општина Охрид од ТМРО, направи циркус од дебатата на ТВ24 каде што свое изборно претставување имаат тројцата кандидати за градоначалници



Гоце Цветкоски, ги посоли со вегета своите противкандидати, да замезеле со парите што ги украле и седеше со знамето од Вергина.

„Оваа вегета ми ја дадоа во Охрид, да им дадам малку на колегиве да замезат. Да замезите со парите што ги лапате од населба Црногорци, Охрид, вегета“, изјави тој.

Цветковски одби да одговара како ќе и реќава проблемите на охриќани, но истакна дека намерата му е најпрво да ја урне „дивоградбата „северна“ а потоа и другите дивоградби во Охрид.

Во студиото на Телевизија 24 гостуваа кандидатите за градоначалници на Охрид. Гости беа тројцата кандидати, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиевски од СДСМ и Гоце Цветковски од ТМРО.