Судот во Стразбур отвара случај околу притворот на Сашо Мијалков

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) повторно ќе ја стави Македонија на тапет, отворајќи уште една постапка за начинот на кој што судиите ги водат кривичните прогони и ги изрекуваат притворите, дознава Плусинфо.



Судот на официјалната страница објави дека отвора нов случај, по барање на поранешниот директор на Управата за безбедност и разузнавање Сашо Мијалков, кој смета дека притворот кој му бил изречен кон крајот на 2018 и почетокот на 2019 година бил незаконски, неоправдан и арбитрарен, со што се нарушени повеќе аспекти од членот 5 на Конвенцијата.

ЕСЧП нагласува дека станува збор за случај кој може да има пошироко влијание и веројатно судот ќе обрне големо внимание околу начинот на кој што беа изрекувани, па повлекувани и менувани решенијата за притвор.

Судот во Стразбур ѝ остава простор на власта да даде предлог за спогодба со засегнатата страна за да се одбегне натамошниот процес и трошоците и последиците кои би произегле од него.

ПОВЕЌЕ