Поминаа цели три недели од трагедијата во тетовскиот ковид центар а обвинителството не излегува во јавноста со никаква информација за причините и можните осомничени за смртта на луѓето во модуларната болница.
Иако германските експерти ја завршија својата истрага и си заминаа пред десетина дена молчат и Републичкото јавно обвинителство и тетовското кое ја води истрагата.
Според извори во оваа институција кои инсиститираат на анонимност а кои се плашат од одмазда од една политичка партија, тетовското јавно обвинителство е под жесток притисок да молчи за 14те живи изгорени до 17 октомври.
Според информациите кои доаѓаат од луѓе во институцијата притисокот треба да доведе до целосен молк за трагедијата до 17 октомври кога ќе се одржи првиот круг на локални избори.
Според планот тетовското јавно обвинителство каде работи и близок роднина на еден од главните осомничени за трагедијата, дури потоа би излегло со прелиминарни информации но без конкретни информации.
Целта на притисокот е да се спречат сите информации кои можат да наштетат на политичките партии чии функционери се меѓу можните осомничени за трагедијата.
Најнова вест
Што е следно: Скопје 2014 е феноменален прект?
Заев јавно призна дека владата реконструирана од Груевски е убава (ВИДЕО)





