Заев и Костадинов се Пеле и Марадона – „блескава“ споредба на кавадаречкиот аналитичар

После Пеле се појавил Марадона, после Заев е Костадинов. Неверојатна, „блескава“ споредба од страна на дежурниот СДСМ-овски аналитичар Ненад Јовановиќ, човек кој по сопствено признание ја вработил сопругата со помош на партијата на власт. Во „чудесниот“ пост Јовановиќ тврди дека го следел Костадин Костадинов низ неговиот јавен и политички ангажман и заклучил дека кандидатот за градоначаник на Струмица стекнал голем симболички капитал како пратеник, што преставуавало светол пример и за останатите кандидати.
Повикувајќи се на својата елементарна логичка памет ( што и да значи оваа небулоза) Јовановиќ тврди дека Коста ќе биде важен двигател на демократијата и слободите на граѓаните не само во Локалната Самоуправа, туку ќе биде важен двигател и за целиот источен дел на Републиката.



„Струмица добива нов универзален градоначалник по примерот на Заев, што од друга страна не е Заев, туку е Коста Костадинов. Сигурен сум дека ќе се избори за свои автентични политики, ќе стави нов печат и белег на Струмица.
Не знам како ќе бидам разбран, ама лесно е (а можеби е и пеколно тешко?) после Пеле да се појави Марадона, да употребам фудбалска терминологија“ – поентира аналитичарот.