Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата“ на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои бараат исто така формално членство во ЕУ, објави утрово ЕУ Обсервер.



Ова е дел од интерен документ во кој ЕУ Обсервер имал увид и во кој се истакнува дека слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ова доаѓа повторно додека претседателката на Европската Комисија го посетува регионот, како и брифингот на високи дипломатски извори за Ројтерс дека некои земји членки бараат да се стави крај на проширувањето на ЕУ.

Пред неколку дена Франција најави заострување на визниот режим за земјите од Магреб.

Франција вели дека има посебно проблем со барања за азил од Албанија, Србија и Грузија, додека Германија се жали на барања од Албанија и другите три земји од Источното партнерство.

Македонците би можеле да и претстават проблем на Белгија каде ова лето скокнал бројот на барањата од Македонија. Белгија меѓутоа чека да види дали станува збор за изолиран феномен.

„Нерегуларните“ барања за азил од Грузија е зголемен за повеќе од 50 отсто.