Уште 23 починати од коронавирусот, нови 467 случаи

Во последните 24 часа направени се 3.512 тестирања, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19 јави Министерството за здравство.
Од нив во Скопје – 245, Куманово – 47, Велес – 27, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Кичево – 13, Кочани – 12, Битола – 11, Крива Паланка – 9, Охрид – 8, Тетово и Струмица – по 6, Штип, Радовиш и Валандово – по 5, Кратово и Крушево – по 4, Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.



МЗ јавува за 14 лица во последните 24 часа и во изминатите денови.

Пет починати лица се од Скопје (73г, 72г, 70г, 61г и 57г), по 2 починати лица од Тетово (88г и 72г) и Кратово (73г и 66г), по едно починато лице од Демир Капија (69г), Прилеп (90г), Радовиш (55г) и Штип (74г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се од по 2 починати лица од Гостивар ,Струмица и Тетово, и по едно починато лице од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години, од пријавените лица 5 се починати во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 496 оздравени пациенти.