За Малески, Црвенковски и Иванов се кавгаџии од типот на Трамп

Професорот Денко Малески го критикува стилот на настапот на поранешните претседатели Бранко Црвенковски кои вчера се обратија на научниот собир во МАНУ.



„Политичката историја на демократските држави, како онаа на Америка, на пример, покажува како треба да се однесуваат поранешни претседатели. Со исклучок на Доналд Трамп, кој, сакам да верувам, само го потврдува правилото, поранешни претседатели на САД се пример за пристојност и умереност кога настапуваат во јавност“, пишува Малески давајќи примери и објаснувајќи го манирот и одмереноста на американските претседатели.  

Вели дека тоа не беше случај со Црвенковски и Заев кои наместо да кажат со какви задачи се соочувале како претседатели, што направиле за остварување на стратешките цели поставени во 1991, членство во НАТО и во ЕУ и кои се научените лекции, „тие распалија по актуелната власт“ со канонада која била „на рамниште на онаа што секојдневно доаѓа од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ“.

„Не, вака не зборуваат поранешни претседатели на држава во една демократија. Вака зборуваат претседатели кавгаџии кои  не можат да се соочат со недостатоците од сопственото владеење во кои постоеле сите елементи за кои се критикува сегашната власт. Каков е тогаш тој  апел за домашен консенсус околу некаква национална платформа од некој кој на власта најотворено и објавува војна?  – пишува Малески.