Американскиот претседател ја повлече поканата за Стеф Кари од Голден Стејт за традиционалното гостување на НБА првакот во Белата куќа што ги разгоре страстите кај противниците на политиката на најважниот светски лидер. Доналд Трамп не застана на тоа, па побара сите што не стојат на американската химна да бидат отпуштени, а ѕвездите од НФЛ лигата возвратија со клечење, седење, подигнати тупаници, па дури и останување во соблекувалните за време на интонирањето.
Се доби и интернационална димензија кога во претсезонскиот меч на Baltimore Ravens и Jacksonville Jaguars одигран во Лондон поголем дел од црните играчи останаа на ставот дека ќе протестираат против Трамп и кога првите тактови од химната тргнаа тие клекнаа.
Инаку прв играч што на овој начин го изрази незадоволството од односот на САД, па и на Трамп кон црнците е Колин Коперник од Sanfrancisko fortinajners, но интересно тој сезонава остана без договор зошто никој од сопствениците на клубовите, а во прашање се 32 тима, не го сакаше во своите редови.




