Успаевме да ја исполниме речиси целата програма со која настапив во 2017 година на изборите што беше предизвик за понатаму, бидејќи затекнавме една општина многу малку развиена. Почнавме со чистење на фасадата од Шарена револуција, потоа направивме комунално претпријатие кое остварува добивка, успеавме да направиме булевари, градинки, инвестиравме многу во спортот стигавме да даваме субвенции 12 милиони денари. Значи задоволен сум од работата на јавните претпријатија, ама и од направеното, изграденото, рече Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци на дебатата на МТВ на која учествуваше и кандидатот од СДСМ, Горан Тодоров.
Јанчев информираше дека во дел на гасификација во Кавадарци е се подготвено.
„Направивме проект за 16 километри и ние, односно претпријатието може уште утре да почне со работа. Но, општината работи и на други алтернативни методи на греење, и дава субвенции за истите“,посочи Јанчев





