БНП: Белград сака да ги скара Македонија со Бугарија и Албанија со Косово!?

Извесна, по многу што, „фантомска“ организација која се претставува како „Бугарска национална платформа“ предупредува дека српската идеја за балкански мини-шенген е поддржана од Кремљ со цел конфронтација на Албанија со Косово и на Македонија со Бугарија.



Водачите на српските и руските интереси во Тирана и Скопје се активно вклучени во овој план за дестабилизација на регионот и ако резултат на тоа, денес Косово повторно е загрозено од српска агресија се вели во деклрарацијата на БНП то ја објавува агенцијата БГНЕС.

Загрижени од можна „дестабилизација на регионот, БНП бара од бугарските власти да направат

– длабинска анализа на дестабилизирачките фактори на Балканот и особено на нивната надворешна политичка поддршка и модерниот територијален опсег.

-Да се ​​донесе политичка одлука за вистинска поддршка и забрзување на европската интеграција на Црна Гора.

– Албанија да биде издвоена од заедничкиот преговарачки пакет за европска интеграција со Македонија и сама да започне преговори со ЕУ.

– НАТО и ЕУ да му помогнат на Скопје во реформирање и надминување на тоталитарните, идеолошките и криминалните зависности, наследени од Југославија;

– Конечно апелираме до бугарските власти, не со зборови, туку со дела, да развијат модерна, проактивна политика насочена кон еднаква интеракција со нашите евроатлантски партнери и поддршка за бугарските заедници на Централниот Балкан директно погодени од српскиот експанзионизам.

И тука, МНП пак дава насоки:

Заедницата на лица со бугарска самосвест во с. Македонија да добие официјална поддршка на владино ниво и да се преземат чекори за официјално признавање на делот од бугарскиот народ што живее таму и кој се стекнува со статус на државотворна нација и врз основа на постојната практика на застапување со квоти, под меѓународна контрола да го преземе својот удел во државните и општинските институции и компании.

За „бугарите“ од Косово, кои според БНП биле „меѓу чекан и наковална“ место, бугарската влада да усвои документ со кој се признаваат Бугарите во Косово

На Бугарите во Албанија, иако се формално признати како национално малцинствода им се помогне на претстојниот попис.

Бугарите во западните региони (Србија-н.з.) се подложени на тотална србизација, поради што нивниот број е намален неколку пати и денес е намален на околу 10 илјади луѓе и потребни се конзистентни и трајни мерки за да се зачува ова население, стои во декларацијата на Бугарската национална платформа што ја објавува БГНЕС.