Црвенковски ја заобиколи „Северна“

Поранешниот претседател и премиер на Македонија, Бранко Црвенковски, останува на личниот став да не ја споменува географската одредница „Северна“ од новото уставно име во своите говори.



На свечениот научен собир во МАНУ на тема „Современата македонска држава-две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој:1941-1991/1991-2021 година“, Црвенковски ги критикуваше задолжувањата, неединството на партиите, неефикасната и преобемна администрација и јавен сектор, Договорот за добрососедство со Бугарија, непотребните трошења, падот на здравството и образованието, но ниту еднаш не го употреби терминот „Северна Македонија“.

Црвенковски на регионална конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“, што се одржа во Скопје пред две години исто така не се користеше со уставното име на земјата Во обраќањето поренешниот претседател и премиер не го спомна новото име на државата, а во неколку наврати ги користеше термините „македонски народ”, „Македонија”, „македонска Влада“.

Тој останува на ставот дека отстапката со уставното име била болна и драматична сè со единствена цел, да се одблокира пристапот кон Унијата, а тоа се „потврдило и на референдумот“.

– За жал и покрај исполнатите услови уште пред 13 години, заради спорот со Грција ниту станавме членка на НАТО ниту ги отпочнаме преговорите со ЕУ.Ни беше најавено, па дури и гарантирано дека Преспанскиот договор е клучот што ќе ги отвори 2те врати.

За жал испадна дека не е така. Станавме членка на НАТО, но заради позициите на Бугарија не можеме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ.

Во секој случај јас не би ставил знак на еднаквост помеѓу Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен.

Целиот текст тука.