Одбиено барањето за изземање на јавниот обвинител Лиле Стефанова од случајот „Плацеви на Водно“ бидејќи било неосновано. Вакво решение донесе Основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, по барањето поднесено од одбраната на обвинетиот Јордан Камчев, се вели во писмениот допис од ОЈО до Судот.
Адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува обвинетиот Орце Камчев барањето за изземање го поднесе врз основа на поднесена кривична пријава во однос на застапникот на обвинението. Пријавата се однесува на постоење на основано сомнение за кривично дело несовесно работење во службата како и поднесување лажни докази.





