„Денес на Република Македонија повеќе од кога и да е ѝ се потребни луѓе, кои со гордост ќе се изјаснуваат дека се Македонци. Дека се македонски народ. Сега ни се потребни луѓе кои допрва ќе ја градат Република Македонија како држава заснована врз самодоверба, самопочит, себеспознавање и љубов кон татковината“, поорача во видео-обраќање на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година“, поранешниот претседател Ѓорге Иванов.



Македонскиот народ, потсети Иванов, се изјасни против избрзани и наметнати штетни решенија, донесени без претходно постигнат национален консензус.

Тој потсети дека на Референдумот, на 30 септември 2018 година, со негласање, тивкото мнозинство донесе гласна одлука дека никој нема мандат од народот да го менува Уставот, заради промена на уставното име.

„Народот препозна дека е уценет и ја отфрли цената. Со бојкот на референдум народот го одбрани своето право на постоење и го зачува стекнатото право на самоопределување и убеден сум дека еден ден ќе дојде геенрација политичари ќе го задржи, она што некој сега е подготвен толку лесно да го изгуби, изјави Иванов.

„ Во духот на народната „љубовта е слепа, но соседите сè гледаат“, Македонија ја доживеа својата 30-годишнина од независноста, која ни проаѓа без радост и среќа, да ја дочека како земја од групата на хибридни режими, која се стреми кон автократија, делумно слободна и на 111 место, според корупцијата во светот, изјави Иванов.