Екс-градоначалник на Петровец го прободел синот со нож

Звонко Цветковски (53), вработен во Бирото за јавна безбедност во МВР и поранешен градоначалник на Петровец од СДСМ, со две убодни рани во стомакот си го ранил синот Ј.Ц. (22).



Настанот се случил вчера по кратка расправија во село Ржаничино, а од МВР го потврдија инцидентот. 

Синот на Цветковски веднаш бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

За инцидентот било известено и Основното јавно обвинителство за извршено кривично дело телесна повреда при семејно насилство.