„Тесла“ отсекогаш беше пред сите други производители на електрични автомобили, но се чини дека конкуренцијата конечно започнува да го пристигнува, па и да се израмнува со лидерот.

Ауди, Фолксваген и Мерцедес се само дел од компаниите кои планираат да ги презентираат своите нови модели на електрични автомобили до крајот на 2020. година. Тие на овогодинешниот Саем на автомобили во Франкфурт се претставија со извонредни и храбри решенија кои сигурно ќе бидат сериозна конкуренција на „Тесла“.






