Црвенковски: Во администација има 197.530 лица – „овој балон ќе пукне“

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски денеска упати сериозни критики на актуелната ситуација во Македонија.



Тој оцени економската состојба во државата е полоша од пред 10 или 20 години. Раст, според него може да се лоцира само во буџетот, кој секоја година расте, како и во бројката на вработени во администрацијата.

Во врска со последново Црвенковски рече дека 173.469 вработени во администрацијата, сега бројката достигна до 197.530 административци, што значи 24 илјади нови вработени во јавниот сектор во последните неколку години. 

„Вака понатаму не може, овој балон ќе пукне“, вели Црвенковски.