…
„Македониа е корумпирана држава, а во корумпирана држава нема еднаквост пред закони, нема фер пазарна економија, нема квалитетно образование, каде што дипломите се заслужуваат, а не се купуваат, нема ни квалитетно здравство, ниту довеба во институции“ – оцени денеска од говорница во МАНУ поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски.
Во жестоката критика тој рече дека во корумпирана држава нема доминантен систем на општествени вредности за да се исчекори напред;
Дека во Македонија е внатрешно длабоко конфронтирана и поделена држава, во која партиите не се гледаат како конкуренти, туку како неприатели што треба да се уништат меѓу себе и во која не може да се постигне консензус за ниту едно битно прашање;
И трето, дека Македонија е држава која живее на кредити, а кој живее на кредит, умира на рати.
„А, каде завршија парите од тие кредити – дали во инфраструктура, во подигање на квалитетот на јавното здравство…, Факт е дека голем дел од овие средства отидоа во апсолутно непродуктивни трошоци“, рече Црвенковски.
Експретседателот го повика актуелниот шеф на државата Пендаровски, со кој на иста маса на денешната дебата, да покрене иницијатива за постигнување национална платформа, која би ги дефинирала клучните проблеми и цели на земјата, со прецизни рокови за нивно надминување и исполнување. „360 степени“.







