Од денеска и трета доза вакцина

Комитетот за имунизација препорача за сите граѓани над 60 години, како и за здравствените работници и лицата со имунокомпромитирачка состојба без разлика на возраста, трета доза вакцина против ковид-19, која е достапна од денеска.



Трета доза може да се прими најмалку 6 месеци по примената втора доза, а граѓаните ќе добиваат СМС-порака дека може да се јават и да ја примат.

Вакцинацијата со третата доза ќе се врши со вакцината од производителот „Фајзер“ без разлика од кои производител се примени првите две дози.

За трета доза граѓаните ќе може да одат на кој било вакцинален пункт без закажување. Во Скопје, покрај поликлиниките и понатаму ќе функционираат пунктовите во спортскиот центар „Борис Трајковски“.