Најголемиот светски настан поврзан со пивото кој оваа година во Минхен се одржува по 184. пат беше отворен пред неколку дена и завршува на 3. октомври. Златната боја на пивото што традиционално се истура во литарски кригли во последниве години малку затемни од златното доба на Октоберфест. Исклучок е 2001. година, кога кусо по терористичките напади во САД, најголемиот пиво настан во светот беше посетен од 5,5 милиони луѓе. Минатогодишниот саем беше најлош од 1980. година.

Годинава посетителите ќе плаќаат пиво меѓу 10.60 и 10.95 евра. Лесно е да се пресмета дека од седумте милиони литри потрошена хмељ смеса, пиварниците на Октоберфест треба да заработат седумдесет милиони евра. И тој профит ќе го поделат само шест производители на пиво.

Седумдесет милиони ќе ги делат пиварнициите: Löwenbr, Spaten-Franziskaner-BRА, Paulanе, Haker-Pschorr, Augustiner-Brä и Staatliche Hofbräuhau. Сите од Минхен.





