Никој во Бугарија сега ниту се занимава, ниту сака да се занимава со Македонија…, пишува на својот Фејсбук членот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.
„Луѓето имаат избори на 14 ноември и за Собранието и за Претседател….
На дневна база се менуваат рејтинзите на партиите, згаснуваат стари, се појавуваат нови партии…
Хаос е во Софија и никој не се занимава со нас, ниту има простор да разговара или преговара, најмалку да прифати компромис со Македонија…
Владата е спремна да најави соработка со Марс и Нептун, само да не се зборува за Тетово и другите скандали…
Затоа, оставете го Заев нека си зборува за Бугарија…, пишува Димовски.







