Демант за Заев – премиерот се обидува, па ако му успее добро, ако не ништо

Ана Петровска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, предложен од иницијативата Зелен Хуман град, ја демантира изјавата на премиерот Зоран Заев, дека има каков било договор за поддршка за неговата партија во вториот круг во Скопје.



„Јас сум независен кандидат предложен од иницијативата Зелен хуман град и се изборив за правото да се кандидирам за градоначалник со собрани 1.000 потписи. Јас и Зелен хуман град не сме поддржани, ниту поддржуваме било која политичка партија! Затоа, најостро реагираме на обидите за доведување на гласачите во заблуда дека сме дел од пазарењето што го прават повеќето политички партии за овие локални избори!“ – соопшти Петровска.

Од иницијативата тврдат дека Зелен хуман град ужива огромна поддршка и симпатии за своето активистичко делување и со критиките на штетните политики на Градот Скопје. Граѓаните ги отфрлаат партиските манипулации и не дозволуваат да продолжи бетонизацијата на градот, сечењето дрвја и расфрланиот отпад. Затоа партиски гласноговорници се насочени кон дефокусирање на гласачите – делегитимирање на нашата независност и наше поврзување со политички партии од власта и опозицијата, се вели во соопштнието на иницијативата.