Не престануваат реакциите на изјвата на премиерот Зоран Заев дека во македонските учебници по историја треба да се избрише зборот „бугарски“ пред фашистички окупатор како еден од чекорите за да се тргне бугарското вето за европските интеграции на Македонија.
„Кај одредени наши споменици тоа е веќе направено. Каде што стоело бугарски фашистички окупатор сега веќе е фашистички окупатор, затоа што не можете цела нација да обвините за тоа дека учествувала во Третиот рајх во тоа време“, изјави пред два дена Заев.
„Никаде во Европа не се спомнува името на нацијата. Се спомнува фашистичкиот окупатор и во тој дух, во духот на пријателството, соработка и добрососедство, нормално, очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено одредени слабости и во бугарските учебници, спремни се, исто така, и од бугарската страна тоа да го направат, зашто така се гради пријателство, наместо да оквалификувате цела една нација за одредена определба во тоа време“, изјави премиерот.






