(…)
И сега Заев со владина уредба ќе ги менува учебниците по историја.
Ќе шета ли по гробишта и ќе ги брише натписите? Тоа ли е работа на премиерот? – прашува во редовната саботна колумна на порталот „СакамДаКажам“ новинарот Горан Михајлловски.
„Со кого воопшто го прави тој муабет сега, кога Бугарите немаат политичка Влада, а и претседател ќе бираат во ноември?
Што ќар има Македонија од овие изјави на Заев? Ние ли ќе им наоѓаме оправдување на Бугарите зошто доаѓале тука да нè убиваат? Дека не можат да се помират со нивната улога во Втората светска војна, па сега ние треба да ги решаваме нивните патолошки проблеми, само за да почнеме преговори со ЕУ.
Ако има нешто што го обединува ова општество, нешто со што се гордееме и околу што сите се сложни, тогаш тоа е антифашизмот – тоа што сме биле на вистинската страна во Втората светска војна. И ај сега, малку ни се сите поделби што ги имаме по сите линии, па уште и за ова да се поделиме – да се бришат, или не, спомениците од НОБ.
Како што тргнал Заев повеќе да води сметка за чувствата на Бугарите, отколку за нашите чувства, ќе излезе дека тие не дошле тука да нè окупираат, туку да нè ослободат од нашите симпатизери на фашистите…“ пишува Михајловски.







