26 години откако последен пат настапија заедно, супермоделите Синди Крафорд, Наоми Кемпбел, Хелена Кристенсен, Карла Бруни и Клаудија Шифер повторно одеа една до друга на пистата. Некои нови девојки дојдоа, вклучувајќи ја и ќерката на Синди Крафорд, но ниедна од нив нема да може да го постигне успехот и интересот што го привлекуваа овие модни икони.

На „Fashion Week“ во Милано, Версаче ја промовираше колекцијата пролет-лето 2018. година, а главното изненадување на вечерта се случи кога рефлекторите ги осветлија добро познатите ликови, и на сцената се најдоа петте познати супермодели во златни фустани.




