Таткото-монструм од Загреб може да добие максимум 50 години затвор

Таткото-монструм,кој в о Загреб ги задави своите три деца – близнаци, седумгодишни момче и девојче и четиригодишното момче, може да добие максимална казна од 50 години затвор.



Херолд Копиц, австриски државјанин, најпрво се обидел да ги отруе децата со коктел од таблети, но кога тоа не му успеало – го задавил со раце.

По ужасното чедоморство, тој се обидел да си го одземе животот, но преживеал и сдодетал раскажал на полицијата што сторил.

Тој е осомничен за три точки од обвинението за тешко убиство. За кривично дело тешко убиство се казнува со максимална затворска казна од 40 години.

Бидејќи се работи за три тешки убиства, доколку вкупниот број на казни се повеќе од 40 години, може да се изречат вкупно 50 години затвор, што е максималната можна затворска казна во Хрватска.