Германците не жалат за заминувањето на Меркал

Повеќе од половина Германци не мислат дека ќе жалат по заминувањето на долгогодишната канцеларка Ангела Меркел по нејзината оставка по изборите во неделата, објави ДПА.



Според анкетата на Институтот за истражување Civey, приближно 52% од испитаниците рекле дека веројатно или дефинитивно нема да им недостига Меркел.

Меркел заминува од политичката сцена по речиси 16 години на власт.

Околу 38% од испитаниците велат дека ќе им недостасува Меркел, а 10% не можат да оценат.

Во анкетата, спроведена помеѓу 22 и 24 септември, учествувале 5.007 луѓе постари од 18 години.