Грција добива 35.9 милиони евра помош од Еу за последици од лански катастрофи

Грција ќе добие 35,9 милиони евра од Солидарниот фонд на Европската унија за справување со последиците од природните катастрофи во 2020 година и пандемијата на коронавирус.



ЕУ: 140.000 евра помош за 12.400 погодени од пожарите во Македонија

Повеќе од 60% од парите – 21,6 милиони евра – ќе одат за напори за закрепнување по медитеранскиот циклон Јанос што лани, во септември, ги зафати Јонските острови, западна Грција, Тесалија и централна Грција.

Речиси една четвртина од парите – 8,5 милиони евра – ќе бидат потрошени за справување со пандемијата „Ковид -19“.

Околу 3,3 милиони евра ќе одат за ублажување на штетата предизвикана од поплавите во Евија во август 2020 година, и 2,5 милиони евра за земјотресот во Самос во октомври 2020 година, јави Катимерини.