Државната изборна комисија (ДИК) синоќа го заклучи Избирачкиот список.
На локалните избори на 17, односно во вториот круг што ќе се одржи на 31 октомври, право на глас имаат 1.824.864 граѓани кои ќе избираат нови градоначалници и членови на советите на 80 општини во земјава и градот Скопје.
Од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 740 147. Во посебните извори од Избирачкиот список за лица кои се на привремена работа или престој во странство се запишани 82 461 гласач, на издржување казна затвор или се во притвор се 1 899 гласачи, во установи за вонсемејно сместување се запишани 351 гласач и во посебниот извод на Избирачкиот список за раселени лица има шест гласачи.







