Потенцијален градоначалник на Прилеп до Заев: Дојди на Могила да видиш што мисли народот за хероите

Испровоциран од изјавата на премиерот со која го негира АСНОМ и македонската историја Д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, јавно му се обрати на премиерот Зоран Заев.



Во неговото обраќање кое може да го прочитате во продолжение тој од Заев бара да му на почит кон тие што гинеле за Македонија.

„Господине Премиер,

Ве молам покажете повеќе почит за нашите херои во народно-ослободителната војна и прекинете со понижувањето на нашите предци.

Прилеп е град херој токму затоа што нашите партизани, заедно со кумановските, први го запалија факелот на слободата во борбата против бугарскиот фашистички окупатор. Нашите дедовци беа храбри родољуби и антифашисти, а ние сме горди на нивната саможртва и подвиг.

На 11-ти Октомври повелете во Прилеп да се поклониме пред споменикот Могила на непобедените, за сами да се уверите колку народот си ја почитува и цени својата историја и прилепските херои кои загинаа за Македонија“, пишува доктор Јовчевски до премиерот.

Линк

https://www.facebook.com/739770020050611/posts/785433742150905/