Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на ковид-19.
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 9 починати лица од Скопје (83, 83 , 77 , 76 , 74 , 63 , 57 , 51 и 42 ), 2 починати лица од Куманово (63 и 60 ) и по едно починато лице од Велес (75), Кратово (42) и Кичево (42).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на починати со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени сè уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09.2021 до 17.09.2021 година.
Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37до 92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, додека останатите 7 лица се починати во домашни услови.






