Победа! За Македонија веќе не сме „окупатори“, пишува бугарскиот медиум Лупа.бг.
Ова следи откако премиерот Зоран Заев најави дека ќе се менуваат учебниците кои ги содржат термините „бугарски фашистички окупатор“, во знак на пријателскиот дух со Бугарија. Дел од бугарските медиуми пишуваат дека пораката се совпаднала со Денот на независноста кој вчера го одбележаа.
„Заев: Нема да ги нарекуваме бугарски фашисти, ќе одговорам на барањата на Радев“, објави Бгнес.






