Црна Гора потврди шверц на дрога од Македонија , не ги објавува патниците во возилото

Службеници во царинската испостава Сукобин, во координација со Полициската управа, при контрола на патничкото моторно возило, пронашле поголема количина на растителна материја за која постои основано сомнение дека се работи за наркотици, ова го објавува црногорската влада преку своите институции а се однесува на инцидентот во кој е инволвирани возило во кое биле високи функционери на МВР од Скопје.



“Возилото со регистарски таблички на Република Македонија се движело од правец на Албанија кон Црна Гора, а супстанцата, спакувана во неколку поединечни пакувања, била пронајдена во скриен бункер на возило наменето за криумчарење.

Во согласност со протоколот за билатерална соработка, надлежните органи на Република Албанија ќе спроведат понатамошна постапка за утврдување на составот на предметот и неговото потекло, како и обработка на случајот”, пишува во инфор акцијата од црногорската Управата за приходи и Царина.

Оваа институција во соработка со други надлежни служби, секојдневно го контролира сообраќајот на сите гранични премини со цел да се спречи прекуграничен шверц, со посебен фокус на откривање на нелегална трговија со акцизни производи и трговија со дрога се вели во информацијата за инцидентот за кој не се откриваат учесниците но неофицијално од Подгорица се тврди дека биле вмешани високи претставници на македонското МВР.

Повеќе за случајот

Навистина шокантно: Возило на “Организиран криминал” при МВР фатено со дрога во Црна Гора