МВР молчи за инцидент во кој е инволвиран контроверзниот директор од СДСМ Асани

Речиси цел месец МВР молчи за инцидентот што се случил на главната улица во Дебар во кој според пријавата до полицијата членови на СДСМ го нападнале претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во овој град.



МВР се уште не открива што точно се случило иако за инцидентот има и сведоци но и видеа од безбедносни камери од објектите во близина.

Во инцидентот биле инволвирани двајца членови на СДСМ од кои еден е директор на Агенцијата за одземен имот Фатон Асани кој го има на фотографии од средби со премиерот Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Асани важи за контроверзна личност без сериозно професионално и образовно минато во Македонија кој води една од институциите која одзема имот од криминалци а кој имот со новите предлози на владата може да се брои во стотици милиони евра.
Асани предходно се споменуваше во уште неколку спорни случаи како оној за продажбата на вилата на Водно која требаше да биде продадена за многу ниска цена.

Коки Поки, вила од 1,1 милион евра, Костадинов и Асани: Митовски за нова рекет шема

Зошто МВР молчи за инцидентот со Асани засега нема официјални одговори. Неофицијална од дебарската полиција велат дека инцидентот се уште се истражува.

Што се случи во Дебар?

Во дебарската полиција пријавен напад врз локалниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ од функционери на СДСМ

Последна вест

Премиерот имаше тешки моменти со новинарите

Не очекуваше такви прашања од Телма: Вџашувачки одговори на Заев (ВИДЕО)