Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го врати францускиот амбасадор во Соединетите држави, откако неговиот американски колега eо Бајден призна дека консултацијата со Франција пред да објави трипартитно безбедносно партнерство со Велика Британија и Австралија би можела да го спречи дипломатскиот спор.
Минатата недела Франција ги отповика своите амбасадори во САД и Австралија на консултации, откако Вашингтон и Лондон потпишаа договор за нуклеарна подморница со Канбера, што доведе до раскинување на претходниот париски договор со Австралија за набавка на дизел подморници во вредност од 40 милијарди долари.






