Аеродромци протестираат за сеча на дрвата, од Град Скопје велат ќе саделе нови

Жителите на Аеродром денеска излегоа на протест поради најавената сеча на дрвја на улицата „Васко Карангелевски“ спроти воениот базен. Тие бараат да се спречи уништувањето на зеленилото во оваа општина и очекуваат реакција од надлежните институции објави ТВ 24.



Најавената сеча на дрвја е поради проширување на улицата, а веќе е пристигната и потребната механизација за да се реализира сечата, но покрај во заштита на дрвјата стари и по неколку децении, аеродромци велат се на протест и поради тоа што според нив нема никаква потреба од проширување на оваа улица, на која велат живее попасивно население, во однос на останатиот дел од општината се вели во текстот.

Линк до целиот текст и видео.