Неофицијално, добро информирани извори во правосудните институции тврдат дека директорот на тетовската болница Флорин Бесими кој е брат на министерот за финансии Фатмир Бесими се соочува со тешко обвинение за одговорност за трагедијата во Тетово.
Според досегашните сознанија на истражителите во делот на одговорни лица и институции кои вршеле надзор при имплементација и управувањето со ковид центарот кадарот на ДУИ е прв на листата на функционери кои формално правно имале ингеренции.
Извори во Министерството за здравство кои се блиски на СДСМ тврдат дека нема дилеми за тоа во чии раце е одговорноста за овој дел од истрагата каде институциите ги водат функционери на ДУИ.
Според планот за имплементација на КОВИД центар односно модуларна болница во Тетово директорот Флорин Бесими имал директна формална функција која била надлежна за проверка и мониторинг на безбедносните и сите други најважни аспекти на функционирањето на објектот.
Овие документи од кои се гледа дека братот на министерот за финансии е одговорното лице кои ги има министерството за здравство а се дел и од архивата на општина Тетово веќе се во посед на обвинителите и истражителите.



Одговорноста на Бесими засега изворите во ЈО не можат да ја квалификуваат според еден конкретен член од кривичниот законик но не се исклучува дека се можни обвиненија по повеќе членови од КЗ.
Најмалата казна за едно од можните дела за кои може да биде гонет директорот чие име се наоѓа во документацијата за ковид болницата е 3 години затвор.
Упатени во правосудната пракса во Македонија Бесими може да биде спасен само со директна интервенција на политиката во обвинителството и судството иако во овој случај според изворите тоа ќе биде по цена на тешки последици за тие што би се обиделе да ги спасат затоа што доказите се несоборливи.






