Тедрос Аданом Гебрејесус најверојатно останува уште еден мандат на чело на Светската организација откако добил отворена поддршка од германскиот министер за здравство Јенс Спан.
Министерот Спан ги повика и другите земји да го поддржат овој поранешен министер за здравство на Етиопија пред да му истече мандатот оваа недела.
„Ги покануваме земјите -партнери да ни се придружат за да го поддржат назначувањето на извршниот директор Тедрос“, изјавил Спан за Ројтерс.
Оваа поддршка е значајна бидејќи Германија е главниот финансиски поддржувач на СЗО.
Извори за Ројтерс велат дека Тедрос, се чини, нема да има конкуренција за втор мандат на чело на СЗО, додека светот е соочен со најголемата здравствена криза…







