Претседателот на српското собрание, Ивица Дачиќ, изјави дека напнатоста на административните премини Јариње и Брњак, на српско-косовската граница е тест на Приштина да види кои ќе бидат реакциите на „бруталното газење на сите договори од Бриселскиот договор“.
Приштинските власти од понеделникот воведоа мерка за отстранување на српските ознаки на возилата и ги заменуваат со привремени – косовски. На граничните премини се присутни косовски специјалци опремени со оклопни возила, шок бомби…
Ова ги зголеми тензиите на северот на Косово и предизвика загриженост кај локалното српско население.
„Сакаат да видат како ќе се реагира на употребата на сила и дали ќе помине. Сигурен сум дека има уште многу можни дејствија и инциденти во нивната глава што можат да ги направат.
Претседателот Александар Вучиќ беше јасен – обврската на КФОР , односно, НАТО, кој е столбот на КФОР, треба да гарантира безбедност во согласност со Резолуцијата 1244, вели Дачиќ.
„Јавно предупредуваме дека Србија нема да дозволи да се повтори етничкото чистење на Србите од Косово и Метохија, како што тоа го направи Хрватска во Република Српска Краина. не предизвикува регионални, туку нови светски кризи “, рече Дачиќ за ТВ Танјуг.







