Силен земјотрес во Мелбурн

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, еден од најсилните регистрирани во Австралија, го погоди југоистокот на земјата.



Неколку згради во Мелбурн се оштетени.

Епицентарот бил во Менсфилд, околу 200 километри североисточно од Мелбурн, главниот град на сојузната држава Викторија, и бил на длабочина од 10 километри, наведува Ројтерс.

Иако ова е еден од најсилните земјотреси во Австралија во последните години, според првите информации, не е предизвикана значителна штета и нема информации за повредени.