Фрапантни информации дава претставник на Дирекцијата за заштита и спасување Валентина Атанасовска за емисијата 25 минути.

Според изјавите во емисијата странските експерти кои дојдоа за истрагата за трагедијата во Тетово дошле затоа што државата немала ресурси за да се справи со случајот а не за да има непристрасна истрага како што тврди власта.
Во разговорот што почнува на 13 минута од видеото претставничката на ДЗС открива низа информации кои укажуваат дека државата и институциите воопшто не се подготвени за сериозни предизвици.
Меѓу другото Атанасовска која е долгогодишен професионалец открива дека странската помош која дојде да помага за гасење на големите пожари не знаела кој координира со борбата против огнената стихија.
Целото видео





