Нивна дунда – нивна работа

Фондацијата Отворено општество која потроши неброени милиони евра за уривање на претходниот режим, сега, додека актуелниот режим буквално ја избанализира Македонија и од слаба држава ја претвори во „шугаво прасе“ од земја, се занимава со проект МОЈА ДУНДА-МОЈА ФИРМА МАНИФЕСТ! Спонзорирано, за да се запознае јавноста со истиот.



Па се објаснува таму што се можеле да си прават со дундата, да ја даваат, да не ја даваат, да ја тетовираат, да ја пирсаат, бла бла. Ништо спорно, што сакаат нека прават со нивната дунда. ( Дунда е според мене најодвратниот збор било кога смислен за делот од женското тело кој фатално влијае врз мозокот на мажите ).

Ако ги критикувате, сигурно гневно ќе ве обвинат дека сте против жените, против нивните права и слободи, против демократијата, либерализмот и слично. Но не. Не сум против ништо од тоа, а жените како пол и род целосно и во се ги поддржувам! Единствено не можам да го разберам безобразното молчење на невладината елита за круцијалните случувања и неброените грешки на власта на секое поле и свесното насочување на јавноста кон други, важни се разбира, но во актуелниов миг споредни теми како оваа со ДУНДАТА-ФИРМАТА. Знам, нив фирмата им е поважна од нацијата, економијата, државата, идеологијата, просперитетот, слободата….Ним само фирмата им е светост, па во нејзина чест се подготвени да ја жртвуваат на олтарот и дундата, својата или на сите останати жени. Ама да се има барем малку лице, барем малку достоинство. Немаат ништо освен фирмата. Ништо!

Драган Милосављевиќ