Драги друже Трендо, ти упатувам срдечни поздрави со надеж дека сите дома и на работа сте добри.
Ти испраќам еден текст објавен на портал каде се рекламира владата на Заев.
Се надевам дека ако процениш соодветно можеш да најдеш место во твојата надалеку прочуена рубрика “Булшит” детектор”, иако имам дилема дали оваа поема повеќе се квалификува за рубриката “Стигнавме на дното”.
Текстот е со наслов “Лажните вести на Мицкоски наидоа на „вистиномерот“ Заев”.
Освен што е наречен “Вистиномер” во текстот стои дека Заев на ТВ дуелот со Мицкоски бил со одговорно настапување, укажувал почит кон политичкиот противник и давал внимателно избрани изјави поткрепени со факти.
Тоа според авторите е потврда дека на синоќешниот дуел премиерот Зоран Заев имал план за иднината, додека пак анкетите покажуваат дека граѓаните знаат тоа да го препознаат.
На крај во текстот се вели дека премиерот Заев со емпатија и одмерени изјави укажал почит кон политичкиот противник и му подал рака за фер и демократски избори, но и соработка за доброто на граѓаните и подобра иднина за сите.
Друже Трендо те молам ако се квалификува овој текст за надалеку познатата рубрика “Булшит детектор” напиши дека за текстот не треба да се пофалат новинарите кои работат во порталот што го објавил текстот затоа што тие не го напишале.
Едно врапче ми кажа дека автор(к)ите се на една друга локација, добро позната на сите. Новинарите само биле “замолени” да го објават за да чуе светот за доблеста на севишниот Зоки.
Аман заман, нека никој не им се лути на новинарите од редакцијата затоа што и тие треба лепче да јадат.
Со другарски поздрав, верен небањат, небричен, антиНато, антиЕУ и антидржавен читател на off.net.mk
Линк до текстот за личниот и емпатичен Заев.
https://24info.mk/%d0%bb%d0%b0%d0%b6%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d1%86%d0%ba%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d0%b8%d0%b4%d0%be%d0%b0-%d0%bd%d0%b0/






