Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој на прашање околу морална одговорност за трагедијата во тетовската модуларна болница рече дека е тоа „банално…“.
„А ,кога излеговме и баравме со денови и денови и денови оставка од Гордана Јанкуловска заради убиството на Мартин, тоа не беше банално?
Јас сум меѓу тие кои излегуваа секој ден и кои седеа на асфалтот и бараа оставка од Јанкуловска.
Банално“- напиша Најчевска на Фејсбук.






