Короната уби повеќе Амариканци отколку шпанскиот грип пред еден век

И покрај сите научни и медицински достигнувања во последните 103 години, пандемијата на Ковид-19 досега уби повеќе Американци отколку шпанскиот грип во 1918 година.



Според Универзитетот Џон Хопкинс, бројот на загинати од коронавирус во Соединетите држави е повеќе од 675.000, што е повеќе од смртните случаи во земјата предизвикани од најсмртоносната пандемија на дваесеттиот век.

За земја со околу 328 милиони луѓе, тој број на жртви значи дека приближно 1 од 500 Американци починале од коронавирус, јавуваат медиуми.

„Многу од грешките што дефинитивно ги направивме во 1918 година, се надевавме дека ќе ги избегнеме во 2020 година. Но ги допуштивме“, вели епидемиолог Стивен Кислер од Харвард.