Ветераните на СДСМ ќе го поддржат Максим Димитриевски на локалните

Градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски и носителката на листата за советници Ивана Ѓорѓиевска, информираат од иницијативата „За наше Куманово“ синоќа добија поддршка за локалните избори од ветераните на СДСМ од Куманово.



„Првиот штаб на иницијативата „За наше Куманово“ којшто вечерва се отвори е „Штабот на ветераните“ во Центар. Тие му порачаа на идниот градоначалник да продолжи со макотрпната работа и менаџирањето на градот, да го унапреди и развие во почист и похуман град за сите граѓани“ – информираат од штабот.

На локални избор независната иницијатива „За наше Куманово“ ја предводи актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, заедно со 33 предлог кандидати за советници.